Кристиано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието на шпанските медиуми откако се обиде да се скрие од фановите при излегувањето од еден мадридски ресторан.
Португалскиот фудбалер беше на вечера со своето семество во еден мадридски ресторан, а таа вест веднаш се прочу низ шпанската престолнина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога Роналдо сакаше да го напушти ресторанот пред истиот имаше голем број негови фанови кои само сакаа да се сликаат со него. Меѓутоа, ѕвездата на Реал не беше баш расположен за автограми и сликање, па на интересен начиинсе обиде да избега.
Португалецот се маскираше така што лицето го покри со својот шал, но иако му се гледаа само очите, навивачите го препознаа. Роналдо ги игнорираше и брзо влезе во својот автомобил.