Дома Фудбал Останато Фото: Потеклото на Меси не е од Аргентина!

Фото: Потеклото на Меси не е од Аргентина!

messi

Како што е познато ова лето во Русија ќе се одржи Светското првенство во фудбал, на кое за пласман се избори и репрезентацијата на Аргентина која ќе биде предводена од Лионел Меси.

Овие денови се појавија приказни за потеклото на Меси според кои тоа не е од Аргентина.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Оваа информацијата се појавуваше и претходно, а сега ја пренесува угледната „Марка“. Реномираниот шпански медиум излезе со фотографија од семејното стебло на Меси, според него Меси води потекло од – Италија!

Пред 136 години, Анџело кој е прадедо на ѕвездата на Барселона се преселил во Аргентина и тоа од Анкона. Тој патувал со воз во Џенова, па тргнал кон Росарио каде што подоцна и се родил Меси.

Потврда за ваквото потекло на еден од најдобрите фудбалери во историјата е што во италијанско меесто Реканати денес има неколку семејства кои го носат презимето Меси, освен тоа има и фан клуб под име Лео Меси.

Меси е на големо поврзан со Италија бидејќи и неговата мајка, и неговата сопруга Антонела водaт потекло од југот на Италија, поточно од местото Калабрија.

Сепак, јасно е какви се чуствата на Меси, тој е Аргентинец и сака со оваа земја да се искачи на тронот во Русија во ова лето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …