Српски Курир вчера објави шокантни фотографии од големата надеж на српскиот фудбал Марко Грујиќ.
Да потсетиме, во прашање е фудбалер на Ливерпул кој пред две години пристигна на Енфилд од Црвена Звезда, а моментално е на позајмица во Херта откако не пронајде место во редовите на Премиерлигашот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Курир наведува дека причина за лошите игри на Грујиќ во изминатиот период е тоа што се оддал на алкохолот и девојките, а како доказ приложи неколку фотографии кои ја изненадија јавноста.
На нив се гледа како фудбалерот на Ливерпул живее живот кој не е соодветен на професионален фудбалер, а во продолжение погледнете за што точно се работи.


