Дома Фудбал „Кутињо ќе биде најдобриот играч во Бундеслигата“

„Кутињо ќе биде најдобриот играч во Бундеслигата“

Фелипе Кутињо наскоро и официјално ќе стане нов играч на Баерн Минхен.

Бразилецот после рекордниот трансфер од Ливерпул во Барселона не се снајде најдобро на Камп Ноу и ова лето се поврзуваше со многу клубови.

На крајот баварскиот клуб договори позајмица на Кутињо до крајот на сезоната со можност за откуп на договорот, а играчот на Херта Марко Грујиќ смета дека Бразилецот ќе биде најдобар играч во Бундеслигата.

„Голема работа за цела Буденслига е што ќе има прилика да го види Кутињо.“ – изјави Грујиќ.

„Тој е посебен и возбудлив играч. Има неверојатни трикови и вештини во својата ризница. “

„Уживав во секој тренинг со него во Ливерпул. Тој ќе биде далеку најдобриот фудбалер во Германија.“ – додаде играчот на Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фариоли го чека Алегри: Подготвени сме за сè, но тој може да нè изненади

Тренерот на Порто со голем респект кон Алегри пред дуелот со Наполи, во кој португалскиот …