Фудбалерите на Барселона во средата во гости го победија Тотенхем (4:2) во натпреварот од второто коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Каталонскиот клуб е во голема криза во домашното првенство, но на „Вембли“ сите беа воодушевени од своето издание. Барса на крилјата од Меси дојде до втора победа во новата сезона во Лигата на Шампионите, но работите во тимот не се толку добри.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Имено, по натпреварот Артуро Видал се огласи на социјалните мрежи, каде што објави „луто смајли“, бидејќи очигледно е незадоволен од својата минутажа. Чилеанецот пристигна минатото лето како засилување од Баерн, но повеќето натпревари ги започнува од клупата.
Откако што не забележи настап на натпреварот против Тотенхем, одлучи незадоволстовото да го искаже на социјалните мрежи. Но, многумина ги изненади одличниот одговор кој Видал го доби од управата на каталонскиот клуб.
„Би било повеќе загрижувачки да не му смета што има таква минутажа. Логично е да е вознемирен“, порачаа од клубот.