Дома Топ вести Флорентино Перез му одговори на Жерард Пике!

Флорентино Перез му одговори на Жерард Пике!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез индиректно одговори на најновите обвинувања на Жрерард Пике.

Дефанзивецот на Барселона изјави дека не му се допаѓа тоа што во ложата на „Бернабеу“ гледа луѓе од раководни позиции во државата и луѓе кои покреваат обвиненија за Меси и Нејмар.


Денес Перез избегна да го спомене името на Пике, но јасно алудираше на зборовите на дефанзивецот.

„Добро дојдовте во местото, каде што имаат значење само спортските вредности. Нашиот клуб е ценет поради вредностите и принципите на својата ДНК. Врз нејзе е изграден духот на Реал“, изјави Перез.

Ова се случи за време на церемонијата на која „кралевите“ потпишаа нов спонзорски договор со шпанската телекомуникациска компанија, од која ќе добијат 100 милиони евра за 2 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколен план на Манчестер сити: Пеп плаќа 200 милиони евра за двајца фудбалери

Манчестер Сити првпат под водство на Пеп Гвардиола ќе заврши сезона без трофеј, што значи …