Клупското раководство на ФК Победа донесе одлука дека почнувајќи од 1-ви февруари 2018-та година нема да се наплаќа членарина за ниту една од генерациите кои се вклучени во работата на Пионерско-младинската школа на прилепскиот клуб.
Истовремено ФК Победа АД ги повикува сите заинтересирани и талентирани млади дечиња дека клубот е отворен за упис на нови членови во сите генерации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со оглед на фактот дека во фокусот на ФК Победа се младите категории и овозможување на максимални услови за нивна работа и развој со оваа одлука на најмладите од Прилеп и околината со зачленувањето во нашата школа им се пружа можност да уживаат во убавината на фудбалот и фудбалската игра. Од друга страна со ослобдувањето од членарина им се помага и на родителите кои ќе заштедат од семејниот буџет. ФК Победа АД се обврзува дека сите новопримени членови ќе бидат селектирани од тренерите во Пионерско-младинската школа“, се вели во соопштението од клубот.