Во сабота во рамките од 24. коло во македонската Прва лига силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Шкендија, а пред дербито црвено-црните објавија важни информации за овој дуел.
„Екипата на Шкендија е наш противник во 24 коло од ПМФЛ. Не очекува голема битка, затоа покрај максимумот кој нашите фудбалери мора да го дадат на теренот, потребна е и максимална поддршка од трибините. Во сабота – заедно до целта!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со цел се да помине во најдобар ред, на сите кои ќе присуствуваат на натпреварот во сабота, јасно им ги потенциравме важните информации, кои мора да ги знаат и до кои мора да се придржуваат.
Прочитајте ги, запомнете ги и не се обидувајте да ги прекршите правилата. Во сабота дојдете на голем црвено-црн собир кој започнува во 11:00ч пред службениот влез, подновете се со реквизити и дрес на клубот и уживајте во одличната храна и атмосфера.
Упатуваме апел, на стадионот да се влезе најдоцна во 14:00ч, односно еден час пред почетокот на натпреварот, да не се поместуваат материјалите кои се дел од кореографијата и внимателно да се слушаат инструкциите на лицата задолжени за реализација на кореографијата“, стои во соопштението на Вардар.
На табелата во овој момент Вардар е 10-ти и води битка за опстанок додека Шкендија е на третата позиција и со Шкупи и Струга е во борба за титулата. Натпреварот се игра во терминот од 14:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.