Од навивачката група „Комити“ се револтирани поради одлуката на ФФМ да се огранични продажбата на билети пред баражот помеѓу Вардар и Детонит во Струмица.
Билтетите за натпреварот кој се игра в недела на 26. мај во Струмица може да се купат само со физички присуство, а од Вардар сметаат дека тоа ќе придинесе за помал број гледачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ја информираме јавноста дека иако извесен период апелиравме до ФФМ и повикувавме на состанок, а во врска со продажбата на билетите, истиот не се случи. На само три дена до одигрувањето на натпреварот, бевме известени дека продажбата на билетите ќе започне денес(четврток, 23 мај) од 14:00ч на сите продажни места на МК Тикетс. Покрај тоа, билетите исто така нема да можат да се купат онлајн, туку единствено со физичко присуство.
Ваквата срамна постапка, со која огромната армија на наши навивачи, целосно неоправдано е ставена во неизвесност, покрај тоа што го отсликува аматеризмот во ФФМ, отвора и сомнеж дека зад сите овие ,,грешки” стои намерата, во Струмица да има што е можно помал број на навивачи на Вардар.
Но, и покрај се, веруваме дека ова не само што нема да ги одвлече нашите навивачи, туку и дополнително ќе влијае на што е можно поголемо присуство на историскиот натпревар. Нас ништо нема да не поколеба!
ВАЖНО: Во продажба ќе биде пуштена единствено северната трибина на стадионот, која е предвидена за навивачите на Вардар.
Цената на билетите изнесува 150 ден“, објавено е во соопштението.