Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар за инцидентот во Кавадарци: Сите наши членови беа изложени на скандалозни услови!

ФК Вардар за инцидентот во Кавадарци: Сите наши членови беа изложени на скандалозни услови!

Eкипата на Вардар со соопштение се огласи за случувањата во натпреварот против Тиквеш кој се играше во неделата.

По крајот на натпреварот во Кавадарци имаше инцидент во кој на повреда се жалеше судијата Гоце Петрески. По еден ден молк во Вардар ја кажаа својата страна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„По вчерашниот натпревар одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, би сакале да ја споделиме со јавноста, нашата згрозеност од начинот на кој истиот беше организиран од страна на домаќинот, односно екипата на ГФК Тиквеш.

Условите на кои вчера беа изложени сите членови на нашиот клуб беа и повеќе од скандалозни. Употребата на пиротехнички средства- топовски удари, упатени директно кон нашата клупа, а се со цел нанесување на тешки телесни повреди, константните провокации на лица кои без ниту една легитимација им беше дозволен непречен пристап до делот околу самиот терен и најважното – директниот физички напад на навивачката група на ГФК Тиквеш насочен кон членови на Управата на ФК Вардар, се само доказ дека вчера во Кавадарци, многу нешта не функционираа како што треба!

За жал, сето ова не беше доволен аргумент за Управата на ГФК Тиквеш, која по сите овие збиднувања, на очиглед на целата македонска јавност, не собра храброст да упати знак на поддршка, ниту знак дека ги осудува и дека се оградува од обичните ,,хулигани” затскриени зад одредени локални групи.

Десетина минути траеше нападот врз членови на Управата на Вардар, службени лица, регуларно заведени во официјалниот список, кои патем беа сместени на трибината наменета за домашните навивачи, нешто што не било пракса досега, пропуст кој секако дека фрла дополнителна дамка, но и сомнеж дека целиот настан, со себе носи и одредена режија. Како клуб не би сакале да поверуваме во тие гласини, но тоа на што вчера бевме сведоци, навистина ги остава сите можности отворени.

Исто така, вчера покрај нападите врз членовите на ФК Вардар, се случи и дополнителен немил настан при крајот на натпреварот, кога со тврд предмет во пределот на главата, беше погоден помошник судијата Гоце Петрески. Срамен чин по кој главниот судија Александар Ставрев со право огласи крај на натпреварот, со што се заврши уште една понижувачка приказна, која по којзнае кој пат во кал ги фрли сите вредности и принципи врз кои треба да се гради и напредува мак-фудбалот.

Поради сите наведени причини, бараме од надлежните институции ФФМ и МВР, да постапат сходно Правилникот, односно законот и најостро да ги осудат организаторите, како и сите инволвирани лица кои вчера ја преминаа границата на здравото ривалство и си дозволија личните фрустрации од поразот, да ги употребат како алатка за спроведување на ,,лична правда”, нешто кое е недозволиво, нешто кое никогаш повеќе не смее да се повтори“, соопшти Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…