Неколку клубови од Премиер лигата претстојниот викенд ќе играат без членови на бразилската репрезентација.
Светската фудбалска федерација суспендираше осум бразилски играч од Премиер лигата до 14 септември. Причината е што клубовите одбија да пуштат играчи во националниот тим во септемвриската пауза за репрезентативни настапи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На Бразилската фудбалска федерација не ѝ се допадна тоа, па побара од ФИФА тие фудбалери да бидат суспендирани.
Станува збор за Алисон, Фабињо, Роберто Фирмино (Ливерпул), Едерсон, Габриел Жезус (Манчестер Сити), Фред (Манчестер Јунајтед), Тиаго Силва (Челзи) и Рафиња (Лидс).