Македонската фудбалска репрезентација останува на 65-то место на најновата ФИФА ранг листа која беше објавена денес.
Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во рангирањето на ФИФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентина за првпат после шест години повторно е најдобра светска фудбалска сила. Новите светски шампиони го прескокнаа Бразил кој падна на третото место, а сега второпласирана е Франција.
Во Топ 10 се уште Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.