Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, соопшти дека организацијата сериозно ќе се бори против расизамот за време на Мундијалот во Русија.
Инфантино потврди дека ќе се прекинуваат натпреварите на Мундијалот во случај на манифестација на расизам.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени“, изјави Инфантино.