Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА одлучи: Најголемото дерби во червртфиналето за Мажиќ, Кјуперс ќе и суди на Англија

ФИФА одлучи: Најголемото дерби во червртфиналето за Мажиќ, Кјуперс ќе и суди на Англија

ФИФА ги одреди судиите за четвртфиналните натпревари на Мундијалот.

Денес и утре се слободни денови на Светското првенство во Русија, а потоа започнуваат четвртфиналните пресметки.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


ФИФА денес и официјално ги одреди лицата кои ќе ја делат правдата на овие средби.

Србинот Милорад Мажиќ ја доби честа да го суди најголемото дерби во четвртфиналето помеѓу Бразил и Белгија кое се игра во петок со почеток од 20:00 часот.

Аргентинецот, Нестор Питана ќе го суди натпреварот кој се игра истиот ден нешто порано помеѓу Франција и Уругвај.

Холанѓанецот Бјорн Кјуперс ќе ја дели правдата на европското дерби помеѓу Англија и Шведска, додека правдата на натпреварот помеѓу Русија и Хрватска ќе ја дели Бразилецот, Сандро Ричи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…