Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ФИФА му дозволи на Лапорт да игра за Шпанија на ЕП

ФИФА му дозволи на Лапорт да игра за Шпанија на ЕП

Францускиот дефанзивец на Манчестер Сити, Емерик Лапорт официјално доби дозвола од ФИФА да настапува за Шпанија на Европското првенство.

Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.

Пред неколку дена Емерик Лапорт доби шпанско државјанство, а денес и официјално доби дозвола од ФИФА да може да настапува за „црвената фурија“.

Така фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Во Реал Мадрид никој не се предава, уверува Флорентино Перес

Часови откако Реал Мадрид речиси сигурно ја загуби битката за титулата во Шпанија, претсед…