Генералниот директор на Фиорентина, Даниеле Праде потвди дека клубот е спремен да го продаде Душан Влаховиќ до крајот на зимскиот преоден рок.
Влаховиќ е на мета на многу европски гиганти, медиумите откриваат дека Арсенал понудил 70 милиони евра, но напаѓачот одбил да се пресели на „Емирати“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Влаховиќ веќе има договор со Јувентус, а Праде потврди дека клубот е спремен да и го продаде на „старата дама“.
„Зла Влаховиќ добивме понуди од Премиер лигата кои беа одлични за нас и ги прифативме. Трансферот не се реализира бидејќи агентот не сакаше да преговара со тој клуб“, откри Праде.
„Ние сме спремни да го продадеме уште во зимскиот преоден рок. Влаховиќ треба јасно да каже што сака и кои му се плановите. Не можеме да дозволиме да го изгбиме без пари, неговата вредност е 70 милиони евра. Спремни сме да почнеме преговори со Јувентус ако Душан сака да оди во тој клуб“, истакна директорот на Фиорентина.
#Fiorentina, #Pradé su #Vlahovic: 'Porte aperte alla #Juve. Valutazione sopra ai 70 milioni, può partire anche subito' https://t.co/YQ4VEw9g4l pic.twitter.com/yQXhH1JLXe
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 24, 2022