Дома Трансфер зона Фиорентина во 2017 година успеала да го доведе Влаховиќ пред Јувентус

Фиорентина во 2017 година успеала да го доведе Влаховиќ пред Јувентус

Душан Влаховиќ можел многу порано да го облече дресот на Јувентус, но судбината сакаше „старата дама“ вчера да плати за него 82 милиони евра.

Имено, во 2017 година кога Влаховиќ имал само 17 години Јувентус покажал интерес, како и сега и тогаш во игра беше Арсенал. Во тој период Влаховиќ прикажува одлични настапи во дресот на Партизан на крајот Фиорентина победи во трката и го доведе за два милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мајката на Влаховиќ била убедена во квалитетите на нејзиниот син.

„Кога го доведовме Влаховиќ неговата мајка ми кажа дека треба да знам дека го доведувам новиот Батистута. И одговорив дека би бил среќен и со новиот Лука Тони. Во него видов потенцијал да стане голем играч“, раскажа Корвино.

Корвино и тоа како се потрудил за да не го изгбат Влаховиќ.

„За ние да успееме да го доведеме лично отпатував во Белград и се запознав со неговото семејство“.

Влаховиќ во Јувентус ја зема „седмицата“ која ја носеше Роналдо кој си замина минатото лето и од него очекувањата се секако големи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…