Двете финалиња во шпанскиот Куп, кои ќе се играат во април, ќе бидат со публика, пренесуваат шпанските медиуми.
Стадионот во Севиља ќе биде домаќин на двете финалиња и ќе биде отворен на 20% или 25% од капацитетот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Стадионот е со капацитет од 60.000 места, па тоа значи дека финалето ќе можат да го гледаат околу 18.000 фанови.
Првото финале, кое е одложено од минатата сезона ќе го играат Реал Сосиедад и Атлетик Билбао на 3-ти април.
Две недели подоцна, односно на 17-ти април, Атлетик повторно ќе се бори за трофеј, овој пат против Барселона.