Се повеќе се шпекулира дека Лионел Меси сериозно размислува да ја напушти Барселона откако влезе во последната година од договорот со Каталонците.
Наводно, Меси се двоуми дали воопшто да го продолжи договорот и затоа голем број медиуми пишуваат дека неговото заминување од „Ноу Камп“ не може да се исклучи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега одново срамежливо се појавуваат гласини дека Интер може да направи обид да го доведе Меси порано или подоцна. Сепак, на „нероаѕурите“ за таква операција ќе им бидат потребни многу пари, пред се поради неговите примања.
Кога Јувентус во 2018 година го доведе Роналдо од Реал голема улога одигра „Фиат“, спознор и компанија во сопственост на семејството Ањели.
Се поставува прашањето и дали евентуалниот трансфер на Меси во Интер може да биде помогнат од „Пирели“. Извршниот директор на оваа компанија, Трокети Провера порача дека може да помогне, но напомена дека поголем напор мора да направи првиот човек на Интер Стивен Жанг.
„Искрено во вакво време, не сме во можност во спортот да вложиме повеќе отколку она што го правиме во моментот, со Формула 1, Интер и другите проекти. Мораме да го прашаме Стивен Жанг тој да направи поголеми напори, ние можеме да помогнеме, меѓутоа како што кажав не премногу“, објасни Провера.