Дома Фудбал Англија Фернандињо доби пет минути игра и заработи нова тешка повреда

Фернандињо доби пет минути игра и заработи нова тешка повреда

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа го победија Порто со 3:1 во првото коло од групната фаза во ЛШ.

Сепак, цената на победата беше додавање на уште еден играч на листа на повредени, а овој пат станува збор за Фернандињо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Овој искусен играч влезе во игра во 85. минута, но не успеа да го заврши натпреварот, бидејќи се повреди во последните секунди од натпреварот.

Имено, тој во 94. минута мораше да го напушти теренот поради повреда, а после натпреварот Гвардиола даде свој коментар.

„Лоши вести. Тоа е повреда која ја имаше претходно. Нема да биде со нас долго време.“ – изјави Пеп после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…