Вечерва на „Вембли“ се игра големото финале во Лигата на шампионите, а за титулата ќе решаваат екипите на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Станува збор за два клуба со голема историја и традиција, па затоа се очекува возбудливо финале. Своја прогноза пред битката за трофејот даде и легендарниот Рио Фердинанд кој сака Дортмунд да биде екипата која ќе слави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината поради која навива за Борусија е Џејдон Санчо.
„Сакам Борусија да победи поради Џејдон Санчо, не ме интересира тимот и сум искрен. Ама за некој како Санчо кој е млад човек би било одлично да ја освои титулата за поголема самодоверба. Кога ве потценуваат и понижуваат треба да смените средина, сега покажа дека може да биде успешен“, изјави Фердинанд.
Ќе потсетиме, Санчо во Борусија Дортмунд пристигна откако буквално беше избркан од Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед.