Жозе Мурињо е одлучен дополително да ја засили екипата на Манчестер Јунајтед за вториот дел од сезоната, за да се обиде да го стигне непобедливниот Манчестер Сити.
Наводно на листата на желби на Мурињо се наоѓа и фудбалерот на ПСЖ, Лукас Моура. Она што би требало да го олесни овој трансфер е фактот дека Моура е во втор план на „Паркот на Принцовите“ и дека некое време се шпекулира за неговиот можен трансфер.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Инаку, ПСЖ во 2012. година успеа да ги обезбеди услугите на споменатиот играч и така да го убеди овој одличен Бразилец да не се пресели во Манчестер Јунајтед, иако тогашниот играч на Сао Паоло беше голема желба на Фергуон.