Сер Алекс Фергусон од трибините го следеше натпреварот од полуфиналето на Лига Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
После само 38 минути натпреварот веќе беше решен, Сити водеше 0:3 и тоа тешко му паднало на големиот Ферги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми повикувајќи се на извори од клубот откриваат дека Фергусон на полувремето одлучил да биде сам. Тој ја напуштил свечената ложа и се упатил во канцеларијата која се уште ја поседува на „Олд Трафорд“.
Не сакал никого да види. До него била само чашата и шишето вино со кое легендарниот Сер Алекс се обидел да се смири.
Фергусон Манчестер Јунајтед го напушти во 2013 година. Се прости со титулата шампион во ПЛ, а како што стојат работите изгледа подолго ќе почекаме да го видиме Јунајтед повторно на тронот во Англија.