Дома Трансфер зона Фенербахче започнал преговори за Барди

Фенербахче започнал преговори за Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди на лето сигурно ќе го напушти Леванте, а битката за неговиот потпис веќе започна.

Последен клуб кој се вклучи во трката за потписот на Барди е турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат тамошните медиуми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Леванте има можност согласно клаузулата во договорот, автоматски да ја продолжи соработката на Барди за нови две сезони, но со оглед на фактот што тимот ќе оди во понизок ранг јасно е дека ќе заминат најдобрите фудбали.

Според „Фанатик“, луѓето од Фенербахче веќе стапиле во контакт со агентот на Барди и започнале преговори за негов ангажман.

Сепак, турскиот клуб ќе мора да ја победи големата конкуренција бидејќи за Барди интерес покажуваат уште Бетис, Торино, Лацио…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…