Во последните денови се појавија шпекуалции дека Манчестер Сити е заинтересиран за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.
На менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, наводно, многу му се допаѓаат квалитетите на 22-годишниот Португалец и сака да го донесе во својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Феликс ги смири шпекулациите и истакна дека воопшто не размислува за трансфер ова лето.
„Заминувањето од Атлетико не е опција. Смирен сум за мојата иднина, знам што можам да направам и се чувствувам добро. Се уште сум на одмор. Не сум почнал да тренирам и не размислувам многу за фудбал“, изјави Жоао Феликс.