Дома Фудбал Англија Фелаини: Прво ме игнорираа, а сега сакаат да останам!

Фелаини: Прво ме игнорираа, а сега сакаат да останам!

Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини има уште два месеци од истекот на договорот со Манчестер Јунајтед, но се уште нема одлучено дали ќе ја промени средината ова лето.

Фелаини во последно време се поврзува со многу клубови ширум Европа, но и Кина, па и самиот признава дека сега е во добра позиција што се однесува до продолжувањето на договорот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Белгиецот призна дека два пати побарал од Мурињо да му биде понуден нов договор и дека во клубот се сетиле на тоа дури кога виделе дека е важен фудбалер.

„Сите во клубот прават се за да останам. Сега сум јас во подобра позиција за преговарање, бидејќи ме игнорираа два пати. Со Мурињо минатата година имав два состаноци, но ништо. Па нема десет пати да го молам, сега кога видоа дека сум важен играч ми нудат нов договор“, изјави Фелаини.

„Имам 30 години, ми истекува договорот и многу клубови ме сакаат. Ќе чекам да видам што ќе биде со Манчестер Јунајтед. Играчите како мене денес чинат по 50 милиони, па во клубот знаат дека погрешија што не ми понудија нов договор на време“, искрен беше Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден фудбалер постигна четири гола: Македонските млади фудбалери ја прегазија Црна Гора!

Македонската кадетска репрезентација до 16 години славеше уште една победа против Црна Гор…