Дома Останати Тенис Федерер стигна до 98 АТП титула и повторно е број еден!

Федерер стигна до 98 АТП титула и повторно е број еден!

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер денес стигна до нова АТП титула.

Федерер од денес повторно е најдобар тенисер во светот откако во Штудгарт стигна до 98 АТП титула и 18 на трева.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој за еден час и 19 минути игра го победи Канаѓанецот, Милош Раониќ со 6:4 и 7:6.

За Швајцарецот ова беше прв турнир после шокантниот пораз од Кокианакис во Мајами, а со 250 бодови се враќа на првото место на АТП листата пред Рафаел Надал.

Во 2018 година Федерер оствари 21 победа на 23 меча, а против Раониќ славеше на 11 од вкупно 14 меѓусебни дуели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Чудна ситуација: Ѓоковиќ денеска трча во Црна Гора, а утре треба да игра во Њујорк (Фото)

Навистина необична состојба. Новак Ѓоковиќ утре треба да го одигра својот прв натпревар во…