Герет Бејл после заминувањето на Кристиано Роналдо во Јувентус се очекува да биде еден од лидерите на „кралевите“, но негов најголем пролем се повредите.
Сепак, сега иако на почетокот се мислеше дека Велашенецот заработил нова повреда која ќе го одалечи од терените, за среќа на гигантот од Мадрид тоа не е така.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Денес пристигна одлична вест за навивачите на Реал Мадрид – Герет Бејл не е повреден и ќе се врати на тренинзите!
Утрешниот натпревар против ЦСКА Москва во групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде веројатно единствениот кој Бејл ќе го пропушти, а веќе против Алавес би можел да биде на теренот.
Лопетеги нема да смета на него за утрешната средба од Лигата на шампионите, но на тоа може да се гледа и како добра одлука со цел на Бејл да му се даде мал одмор.
Gareth Bale no está lesionado. Se espera que esté con el grupo a la vuelta de Moscú. Muchas opciones de jugar en Vitoria.
— José Luis Sánchez (@JLSanchez78) October 1, 2018