Фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао иако исклучително ја цени одбраната на Јувентус, сепак изрази оптимизам пред полуфиналниот дуел во Лигата на шампиони.
Овој дуел е најавен како најдобриот напад против најдобрата одбрана во Европа во моментов. Монако на сите четири натпревари во нокаут фазата постигна минимум по три гола, додека Јувентус не прими ниту еден гол во двомечот со Барса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да се постигнуваат голови против Јувентус не е лесно, тоа е многу добро балансиран тим. Имаат одлични фудбалери и притиа се многу добри во тимската одбрана. Вистина е дека Барса не успеа да постигне ниту еден гол во два меча против нив, но Аталанта постигна два. Во фудбалот е се можно“, изјави Фалкао.