Дома Фудбал Фабрицио Романо пренесува голема вест: Артета подготвува нов сојуз со играчот од Манчестер Сити

Фабрицио Романо пренесува голема вест: Артета подготвува нов сојуз со играчот од Манчестер Сити

Иако до новиот преоден рок остануваат уште два месеци, Микел Артета веќе почна да работи на нови засилувања. Така барем тврди трансфер експертот Фабрицио Романо.

Имено, тој тврди дека Артета подготвил голема понуда за еден од поранешните играчи на Манчестер Сити и дека сака да го види во Арсенал.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Минатото лето Топџиите потрошија многу, а најголемиот трансфер во клупската историја „падна“ откако го доведоа Деклан Рајс од Вест Хем за 105 милиони фунти.

Дополнително, тие потрошија многу пари за да го доведат Каи Хаверц, кој досега не оправда ниту една од уплатените пари.

Иако Артета го засили средниот ред со овие два големи трансфери, смета дека треба да донесе уште еден голем фудбалер.

Според Фабрицио Романо, Артета веќе почнал да работи на доведување на играчот на Астон Вила, Даглас Луиз.

Покрај тоа, на неговиот радар има и фудбалер на Вулверхемптон кој игра на крилните позиции – Педро Нето.

„Арсенал веќе извесно време ја следи ситуацијата околу Педро Нето и исто така почна да работи на доведување играчи кои Артета ги сака.

Даглас Луиз е на врвот на листата, тој отсекогаш бил високо ценет во Арсенал“, изјави Фабрицио Романо.

Овој фудбалер беше во Манчестер Сити во периодот од 2017 до 2019 година, но никогаш не доби вистинска шанса во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски фудбалери го прогнозираа исходот на натпреварот со Велс – еве какви се нивните очекувања!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификации…