Ракометот не памети кога во толку краток се случиле две големи сензации. Откако пред два дена Данска во Подгорица беше поразена од Црна Гора, вчера сензација прирердија Португалците кои ја победија моќната Франција.
Франција беше селекцијата која најмногу доминираше во последната деценија во светскиот ракомет, но вчера Португалија одигра фантастичен натпревар и однесе победа. Португалците водеа од почетокот до крајот на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сензацијата се најави на полувремето кога Португалија имаше предност од три голови 17:14. Сите очекуваа Французите во вториот дел да ја надоместат таа разлика, маѓутоа тоа не се случи и разликата беше само зголемена. Португалија славеше над „Триколорите“ со 33:27.
Оваа победа на Португалија и ја донесе првата позиција на табелата во квалификациите за Европското првенство. Португалија сега има шест бода, Франција четири, Романија два, а Литванија во оваа група е без бодови.
Wow, what an incredible match for @andebolportugal ??. A 33:27 victory against @frahandball ?? gives them a great chance of qualifying for #ehfeuro2020. pic.twitter.com/0omabIZw4Y
— EHF EURO (@EHFEURO) April 11, 2019