Се почести се фудбалерите кои се жалат од животот во Саудиска Арабија и сакаат да се вратат во европскиот фудбал, еден од нив е и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Савиќ пред шест месеци го напушти Лацио и премина во редовите на Ал-Хилал, а според последните информации сака да се врати во Лацио.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека Савиќ во Ријад се сретнал со поранешните соиграчи кои со Лацио гостуваа во оваа земја на италијанскиот Суперкуп. Во разговорот, Савиќ наводно им признал дека сака да се врати во Лацио.
„Ми недостасувате многу, како и многу работи во Рим. Би сакал да се вратам во Лацио“, им се обратил Савиќ.
Некои фудбалери како екс-капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон веќе се вратија назад во Европа. Очигледно дека животот во Саудиска Арабија кој е јасно дека е поразличен од оној во Европа на дел од фудбалерите не им одговара.