Дома Фудбал Останато Уште еден успех за Ендрик во Бразил: Реал го чека за големи дела во Европа

Уште еден успех за Ендрик во Бразил: Реал го чека за големи дела во Европа

Суперталентираниот Бразилец Ендрик стана најскапиот малолетник во историјата на фудбалот кога Реал Мадрид го купи од Палмеирас за рекордни 60 милиони евра (35 фиксна оштета и и уште 25 како бонуси).

Сепак, бидејќи се уште не е полнолетен, 17-годишниот Ендрик чека на 21. јули да го прослави 18-от роденден и да добие дозвола да го облече белиот дрес на „кралскиот“ клуб. Во меѓувреме реди успеси во Бразил.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ендрик со Палмеирас ја освои шампионската титула во Паулиста. Неговиот тим во реваншот од финалето го победи Сантос со 2:0 и го надополни негативата од 1:0 од првиот натпревар. Младиот фудбалер не постигна гол ниту запиша асистенција, но сепак беше прогласен за играч на натпреварот.

Така Бразилецот го освои петтиот трофеј со Палмерирас. Сега е време Европа подобро да го запознае, а ќе видиме дали ќе ги исполни очекувањата кои се големи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Енрике: Емери е еден од најдобрите тренери на светот

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави денеска дека неговиот колега од Астон Вил…