Дома Фудбал Реал пред 40 илјади фанови го претстави Ендрик🎥

Реал пред 40 илјади фанови го претстави Ендрик🎥

Бразилскиот тинејџер, Ендрик денес на „Сантиаго Бернабеу“ беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид.

Трансферот од Палмеираш беше договорен уште пред две години, но се чекаше Ендрик да стане полнолетен, а бразилскиот клуб за возврат добива сума од 60 милиони евра.

Ендрик на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше пречекан од 43.000 навивачи, па не можеше да ги задржи емоциите и солзите.

„Немам зборови да опишам што чувствувам. Не можам да го опишам тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам тука и да играм за Реал Мадрид. Тоа ми е сонот од дете. Го остварив нашиот сон, не само мојот туку и на моето семејство. Тоа е и за нив, поради сето тоа што го направиле за мене. Извинете што плачам, тешко ми е да ги задржам емоциите“, изјави 18-годишниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…