Дома Фудбал Уште еден играч ја напушта Барса – пет клубови спремни да ја платат клаузулата

Уште еден играч ја напушта Барса – пет клубови спремни да ја платат клаузулата

Барселона се соочува со еден од најтешките преодни рокови во поновата историја. Додека сеуште Каталонците бараат замена за Нејмар, шпанските медиуми тврдат дека заминува уште еден важен фудбалер.

Како што тврдат каталонските медиуми, Серхи Роберто сериозно ја разгледува можноста да го напушти клубот ова лето, откако не доби шанса во стартниот тим против Реал во Суперкупот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Роберто минатата сезона принудно играше на позицијата десен бек, но после доаѓањето на Семедо, тренерот Валверде во врати во средниот ред каде има огромна конкуренција.

Серхи Роберто не е задоволен од својот статус и е во потрага по поголема минутажа, а она што е интересно е дека во неговиот договор има откупна клаузула од „само“ 40 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона не сака да го продаде, но пет европски гиганти се спремни да ја платат клаузулата – Манчестер Сити, Јунајтед, Челзи, Јувентус и Милан.

Сега се е во рацете на фудбалерот, па доколку одлучи да замине, ќе и создаде дополнителни проблеми на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…