Дома Трансфер зона Уште еден играч сака да ја напушти Барса – Меси го моли да остане

Уште еден играч сака да ја напушти Барса – Меси го моли да остане

Играчот за врска на Барселона целиот натпревар против Депортиво го преседи на клупата за резерви, па одлучи да го напушти клубот во јануари.

„Дон Балон“ тврди дека тоа било само капка која ја прелеа чашата, па 23-годишниот Денис Суарез го загуби трпението.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а интерес за него покажуваат Наполи и Интер.

Медиумот тврди дека интервенирал и Меси кој го замолил за трпение. Аргентинецот е свесен дека Суарез уште помалку ќе добива шанса кога ќе се врати Осман Дембеле, но сепак го советувал да остане на „Камп Ноу“ и да ја чека својата шанса.

Денис Суарез е продукт на школата на Салта, а во Барселона стигна после феноменалната сезона во Виљареал, но не успеа да се избори за место во стартниот тим, па најверојатно ќе замине во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…