Многумина кои го следеа Европското Првенство во Франција во 2016 година сигурно барем малку се сеќаваат на фудбалерот по име Бартоз Капутска.
Ако сепак не се сеќавате, тоа е оној млад Полјак кој играше фантастично на овој турнир на левата крилна позиција. Тогаш имаше 19 години, настапуваше за
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Караковија и беше далеку „најнепознато“ име во првиот тим на Полска кој беше составен од ѕвезди како Левандовски, Милик, Блажиковски, Пижчек...
Кога првенството заврши, Капутска за пет милиони евра направи голем чекор напред и од скромната Краковија премина во Лестер кој тогаш се освестуваше од сензационалната титула шампион на Англија.
Тој трансфер ги сруши сите рекорди на Краковија, која никогаш пред Капутска не продала играч приближно на таа сума.
Тука некаде и застана напредокот на овој фудбалер, кој не е ниту прв, а сигурно нема да биде и последен кој се изгубил по трансферот во голем клуб. После една година помината во Лестер, замина на позајмица во Фрајбург за кој во Бундес лигата настапи само на седум натпревари.
Кога позајмицата истече се врати во Лестер, каде и понатаму не сметаа на него и беше испратен на нова позајмица. Овој пат заврши во белгиски Леувен, клуб кој е познат како филијала на Лестер.
Бартоз Капутска и понатаму е млад има само 21 година и ќе има шанса сепак да го оствари она што од него се очекуваше. Но, за сега неговиот фудбалски пат не се развиваше во склад со очекувањата.