Македонија утре на Светското првенство во Данска и Германија ја очекува натпревар против актуелниот европски шампион Шпанија.
Шпанците изглдаат навистина силно и во првите три кола имаат максимален учинок. „Фуријата“ е изразит фаворит во оваа пресметка, но ние ќе се надеваме дека нашите момци можат да приредат изненадување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јапнците вчера ни покажаа дека против Шпанија може да се игра, загубија но пружија силен отпор. Селекторот Рибера после овој натпревар ја посочи слабата точка на неговата репрезентација.
„Целта е остварена, но мораме да одиме на бодови и против Македонија и Хрватска. За таа цела потребно е да играме подобро од досегашниот дел. Треба да играме добро во одбраната и преку контри да постигнуваме полесни голови. Ова го кажувам затоа што овој Мундијал имаме проблем со позиционите напади“, изјави Рибера.
Натпреварот со Шпанија е во терминот од 20:30 часот.