Дома Фудбал Италија Усвоена жалбата на Наполи, ќе се игра мечот со Јувентус

Усвоена жалбата на Наполи, ќе се игра мечот со Јувентус

Јувентус и Наполи во октомври не го одиграа мечот бидејќи гостите од Неапол не допатуваа во Торино поради проблеми со позитивни играчи од Ковид 19.

Серија А и италијанската федерација заклучија дека Наполи не вложи доволно напор да дојде на натпреварот, па затоа не беше откажан, туку победата му беше доделена службено на Јувентус (3:0), а Наполи беше казнет со одземање на еден бод.

Италијанскиот Олимписки комитет ја поништи одлуката на Серија А и Италијанската фудбалска федерација бидејќи ја прифати жалбата на Наполи.

На Јувентус ќе му се одземат трите бода, а на Наполи ќе му биде вратен одземениот бод, а натпреварот ќе се одигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гранит Џака во нов скандал: Вербален судир во трговски центар

Гранит Џака, капитенот на Сандерленд и швајцарската репрезентација, се најде во центарот н…