Легандарниот Усаил Болт од атлетиката се опрости минатиот август на Светското првенство во Лондон, а од тогаш се шпекулира дека тој би можел повторно да се обиде на некое ниво, во својата голема љубов – фудбалот.
Светскиот рекорд на 100 и 200 метра на својот Твитер профил стави мистериозна порака во која соопшти:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Само што потпишав за фудбалски тим, ќе дознаете за кој станува збор во вторник, 27. февруари.
I’ve signed for a football team! Find out which one this Tuesday at 8am GMT ? pic.twitter.com/iFTlWxfy7x
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) February 25, 2018
Се разбира, оваа порака предизвика голема заинтересиранот кај неговите обожаватели, а дали Болт навистина стана член на некоја фудбаска екипа или се работи за некоја рекламна кампања, ќе дознаеме утре.
Инаку, познато е дека Болт е голем навивач на Манчестер Јунајтед и дека многу пати истакна дека би сакал да го облече нивниот дрес, додека преку својот спонзор, Пума, одработи тренинг со екипата на Борусија Дортмунд во март. Сепак, тешко е да се верува дека Борусија или Јунајтед е неговиот мистериозен тим.