Дома Фудбал Англија Урнебесни шеги: Вернер барал летови, сакал да го „прекине договорот“ со Челси… ?

Урнебесни шеги: Вернер барал летови, сакал да го „прекине договорот“ со Челси… ?

Челси беше поразен од градскиот ривал Арсенал со 1-2 во финалето на ФА-купот кое беше одиграно на „Вембли“ во Лондон.

Двата клуба од Лондон се бореа за трофејот, а на крајот Пјер-Емерик Обамејанг со два гола му го донесе трофејот на Арсенал, додека за „сините“ стрелаше Кристијан Пулишиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На стадионот немаше навивачи, но се појави новиот напаѓач на „сините“, Тимо Вернер, кој пристигна во Лондон за 50 милиони евра.

Германецот беше забележан како во текот на мечот пишува нешто на мобилниот телефон, па фановите се пошегуваа на негова сметка.

Дел од шегите беа дека барал лет назад за Лајпциг, сакал да го „прекине договорот“, му се жалел на агентот, како и многу други…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемајде од Штутгарт,…