Денес со почеток од 18:00 часот Интер ќе игра против Рома во дербито во Серија А.
„Нероаѕурите“ имаат три порази во последните седум натпревари и притисокот врз нив сигурно се зголемува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека ултрасите на Интер пред овој натпревар имале средба со тренерот Инзаги. На средбата се зборувало за лошиот старт на сезоната за кој зборувал Инзаги, а тие сакале да го искажат значењето за дуелот со Рома.
Ултрасите на Интер прстот за лошите резултати повеќе го имаат вперено кон тренерот отколку кон играчите и тренерот на кои им ја даваат поддршката. Ваквата средба според нив може да биде и дополнителна мотивација.
Инаку, Интер пораз од Рома нема уште од февруари 2017 година и во овој натпревар сигурно дека ги посакуваат трите бода.