ЈОШКО ГВАРДИОЛ и понатаму е најголемата желба на Манчестер Сити во овој преоден рок.
Англискиот и европски шампион под водство на Пеп Гвардиола само го одбележа како играч кој треба да биде доведен речиси по секоја цена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Проблемот за Сити е што „речиси по секоја цена“ значи хонорар за светски рекорд за централен бек.
Веројатно тоа не е нерешлив проблем, но има рок до кој Сити мора да ја заврши работата.
РБ Лајпциг и Манчестер Сити се во преговори околу договорот, пишува Дејли Мејл и истакнува дека германскиот клуб е „подготвен да одреди рок за трансферот“ бидејќи не сака приказната да се одолговлекува предолго.
Сити е подготвен да испрати нова понуда за младиот играч кој ќе додаде квалитет на левата страна на одбранбената линија“, се наведува во текстот и се истакнува дека преодниот рок што Лајпциг му го одредил на Сити е натпреварот од Суперкупот на Германија.
Работата треба да биде завршена до 12 август
Се игра на 12 август, ден по стартот на сезоната во Премиер лигата. Лајпциг за трофејот ќе игра против Баерн, а тренерот Марко Роуз сака да има јасно дефиниран тим со кој ќе го започне не само тој натпревар туку и новата сезона од германскиот шампионат.
Дејли Мејл пишува и дека Гвардиол сака да му се приклучи на Гвардиола и дека за таа работа ќе бидат потребни 100 милиони евра.
Германскиот клуб бара замена за хрватскиот репрезентативец и како можни кандидати ги посочи Кастело Лукеба од Лион и Лутшарел Геертруида од Феенорд.
За потсетување, Гвардиол е под договор со РБ Лајпциг до крајот на сезоната 2026/27.