Дома Фудбал Англија Ужасни вести за Манчестер Јунајтед – Повредата на Погба е посериозна отколку што изгледа

Ужасни вести за Манчестер Јунајтед – Повредата на Погба е посериозна отколку што изгледа

Повредата на Пол Погба би можела да биде полоша отколку што изгледаше на почетокот.

Погба се повреди на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Базел во ЛШ. На почетокот се шпекулираше дека ќе отсуствува шест недели, но сега стигнаа уште полоши вести за „Црвените ѓаволи“. Според пишувањата на некои медиуми во Англија, постои можност дека повредата на Погба би можела да го оддалечи од теренот 12 недели. Односно, доколку оваа информација е точна, Јунајтед без Погба ќе биде следните три месеци.


Тоа би значело дека 24-годишниот играч ќе пропушти најмалку 12 натпревари во шампионатот и преостанатите натпревари во групната фаза од ЛШ, што би бил голем хендикеп за составот на Јунајтед. Во претходните четири одиграни натпревари оваа сезона во Премиер лигата, Погба постигна два гола и запиша две асистенции.

Инаку, по повредата, Мурињо беше лут на Погба, кој наводно го советувал како да работи ова лето, но Французинот имал други методи, па исходот беше обнова на повредата која ја имаше и порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеколен план на Манчестер сити: Пеп плаќа 200 милиони евра за двајца фудбалери

Манчестер Сити првпат под водство на Пеп Гвардиола ќе заврши сезона без трофеј, што значи …