Дома Фудбал Останато УЕФА со ГОЛЕМА казна за Панатинаикос

УЕФА со ГОЛЕМА казна за Панатинаикос

Атинскиот Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреватувања следните три години, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Панатинаикос е суспендиран поради долговите кон играчите кои овој месец штрајкуваа, бидејќи не им беше исплатена платата уште од минатата година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Дваесеткратниот шампион на Грција доби предупредување од УЕФА во декември, со обврска до први март да ги врати долговите, но не успеа во тоа.

Исто така, најстариот клуб во Грција е казнет и од страна на лигата со одземање на три бода поради долгот на поранешниот дефанзивец Јенс Вемер, додека сега ќе мора да платат и казна од 100,000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Три пати асистираше во „Ел Класико“, но сега мора на операција и го пропушта остатокот од сезоната

Барселона до крајот на сезоната ќе биде без Феран Торес. Офанзивниот 25-годишен играч, стр…