Лајпцинг изминатата сезoна беше најголема сензација во Бундеслигата, тие во својата прва сезона во највисокиот ранг во Германија успеаа да изборат пласман во Лигата на шампионите.
Овој клуб заврши на втората позиција зад Баерн и избори директен пласман во Лигата на шампионите. Меѓутоа, Лајпцинг имаше големи проблеми и нивното учество во најелитното европско натпреварување беше ставено под голем знак прашалник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, сопствениците на овој клуб се сопственици и на Салзбург, а двата клуба изборија пласман во Лигата на шампионите.
Според правилата на УЕФА, два клуба со исти сопственици не можат да се натпреваруваат во исто натпреварување, сепак на крајот УЕФА донесе одлука со која ги израдува фановите на овој клуб.
„Одлучувачкиот комитет на УЕФА за финансиска контрола одлучи да ја прифати молбата на Салзбург и Лајпцинг, па според тоа и двата клуба ќе играат во Лигата на шампионите бидејќи прописите кои ги имаме за ова натпреварување не се прекршени“, соопшти УЕФА.