Европската куќа на фудбалот, УЕФА одлучи жестоко да го казни Партизан.
Поради однесувањето на навивачите во натпреварот против Нортсјеланд фудбалерите на Партизан следните два натпревари на домашен терен во Европа ќе ги игра пред празни трибини.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освен тоа УЕФА одреди и условна казна за црно-белите од две години поради однесувањето на навивачите во Белград. Клубот е казнет поради дискриминација и расистичко однесување.
Условната казна стартува од денот на одлука, па во следната сезона црно-белите мораат да бидат многу внимателни во европските натпреварување.