УЕФА донесе одлука да го одложи Европското првенство за летото наредната година поради пандемијата од коронавирусот.
Донесена е одлука ЕП да се игра наредното лето за да се даде предност на националните шампионати и европските клупски натпреварувања оваа сезона. После одлката да се одложи ЕП набрзо стигна и одлуката дека и Копа Америка нема да се игра ова лето и таа е закажана за наредното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова создава проблеми на неверојатниот распоред кој се направи за наредното лето. Имено, за 29. мај 2021 година е планирано финалето во Лигата на шампионите, а од 2. до 6. јуни би требало да се играат доигрувањата во плејофот од Лигата на нации.
Европското првенство ќе се игра од 11. јуни до 11. Јули, а во истиот термин е закажана и Копа Америка. Шлагот на тортата е Светското клупско првенство кое е планирано повеќе да не се игра во зимскиот преоден рок, туку во летниот. Во овој момент натпреварите на овој турнир се закажани за од 17. јуни до 4. јули.
Јасно е дека овој распоред нема да може да функционира и дека сигурно ќе видиме промени. Засега УЕФА во прв план има како да се заврши актуелната сезона.
Gros carambolage foot pour l'été 2021 :
— Actu Foot (@ActuFoot_) March 17, 2020
? 29 mai
? Finale de Ligue des Champions
? du 2 au 6 juin
? Ligue des Nations (Final Four)
? 11 juin au 11 juillet
? EURO 2021
? 11 juin au 11 juillet
? Copa America
? 17 juin au 4 juillet
? Coupe du monde des clubs
? pic.twitter.com/AyDdRxh5w9