Дома Фудбал Останато УЕФА го смести Барди меѓу најголемите европски ѕвезди!

УЕФА го смести Барди меѓу најголемите европски ѕвезди!

Европската куќа на фудбалот преку својата официјална страница направи ТОП 12 листа од потенцијални звезди, од кои се очекува да блеснат на претстојното европско првенство за фудбалери до 21 година, кое ќе се одржи летово во Полска.

Во рамки на овој избор се најде и нашиот репрезентативец, Енис Барди. За него УЕФА вели е дека фантастичен фудбалер кој зад себе има 8 погодоци во 18 одиграни натпревари, иако се работи за играч за врска. Исто така него го краси епитетот на еден од најдобрите поединци во македонскиот фудбалски табор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Покрај Барди на листата се најдоа и Рашфорд (Англија), Зиелински (Полска), Чриен (Словачка), Исак (Шведска), Мартинс (Португалија), Живковиќ (Србија), Асенсио (Шпанија), Шик (Чешка), Долберг (Данска), Гинтер (Германија) и Берарди (Италија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…