Eвропската куќа на фудбалот го одреди судијата за големото финале на Европското првенство кое во недела ќе го играат Англија и Шпанија.
Судискиот комитет на УЕФА одлучи главен на центарот да биде Франсоа Летексиер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
35-годишниот Французин е меѓународен судија од 2017 година и во кариерата судеше на 65 официјални натпревари во рамките на УЕФА.
На Европското првенство во Германија делеше правда на три натпревари (Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија). Исто така на отворањето на првенството помеѓу Германија и Шкотска беше четврти судија.
Негови помошници ќе бидат: Сирил Муние и Мехди Рахмун, а Полјакот Марчињак ќе биде четврти судија. За регуларноста од ВАР собата ќе се грижат: Жером Бизаир, Вили Делаж и Масимо Ирати.
Финалето се игра во недела во терминот од 21:00 часот.